| |

СЛОВЕНИЈА ПРОГЛАСИ ЕПИДЕМИЈА ПОРАДИ КОРОНА ВИРУСОТ

Поради се поголемиот број заразени со коронавирус Словенија проглaсува епидемија, јавува Фокус.

Ова на специјална прес конференција го објави премиерот Марјан Шарец, според кого ова е неопходна мерка имајќи во предвид што се случува во Словенија, но и соседните земји. И официјално до 9 часот утринава во земјата има 82 потврдени случаеви на коронавирус, што е за 26 повеќе од синоќа.

Здравствените власти во Словенија предвидуваат дека наредните денови и недели ќе има зголемување на бројот на заразени лица.

Објавено е дека ќе се активираат сите служби за цивилна заштита.

Целиот напис прочитајте го овде.



Слични Објави