|

300 КИЛОГРАМИ КОКАИН ВО ПРАТКА СО ЗАМРЗНАТ СОК ОД ПОРТОКАЛ

Царинските власти на пристаништето Ротердам пронашле 300 кг кокаин. Тие биле скриени во контејнер полн со замрзнат сок од портокал. Полицијата претпоставува дека кокаинот е произведен во Бразил, а неговата цена изнесува околу 15 милиони евра.

Според холандското обвинителство, сокот од портокал бил наменет за компанија од Ротердам, која веројатно нема никаква врска со пратката кокаин.

Царинските власти на пристаништето Ротердам често откриваат пратки со дрога. Пристаништето е едно од најголемите дистрибутивни центри во меѓународната трговија со дрога на Стариот континент. Само во 2019 година, властите заплениле 34 тона кокаин, што е двојно повеќе од 2018 година.

Слични Објави