КФМ ЈА СУСПЕНДИРА КОШАРКАТА ВО МАКЕДОНИЈА И ТОА НА – НЕОДРЕДЕНО ВРЕМЕ!

/

Кошарка во Македонија нема да се игра на неодредено време, откако Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ) објави прекин на сите активности во овој спорт со цел да се заштити здравјето на играчите од сѐ поизразеното ширење на опасниот коронавирус.

„Земајќи ја предвид моменталната состојба со појавата и ширењето на коронавирусот, како и препораките на Владата и на Светската Здравствена Организација, со цел да се заштити здравјето и безбедноста на играчите, тренерите, службените лица и навивачите, раководството на Кошаркарската федерација на Македонија објавува дека сите натпревари во организација на федерацијата од денеска се одложуваат на неодреден временски период. КФМ ќе продолжи да ја следи состојбата на дневна основа и ќе ги оценува опциите за продолжување или не, на соодветните натпревари кога и ако ситуацијата тоа го дозволи“, се вели во соопштението од Куќат ана кошарката.

Ова значи дека викендов нема да се одигра последното коло од Првата лига, но и дека е загрозено играњето на Суперлигата со оглед на ионака големиот недостаток на слободни термини. Во воздух виси и играњето на завршницата од Купот на Македонија, кој првенствено беше закажан за во февруари, но беше одложен поради настапот на репрезентацијата во квалификациите за ЕП 2021.



Извор: Спорт1

Претходна статија

РАБОТАТА НА КАФУЛИЊАТА СЕ ОГРАНИЧУВА ДО 18 ЧАСОТ, ГОСТИТЕ ДА СЕДАТ НА ОДДАЛЕЧЕНОСТ ОД 2 МЕТРА

Следна статија

СЛОВЕНИЈА ПРОГЛАСИ ЕПИДЕМИЈА ПОРАДИ КОРОНА ВИРУСОТ

Најново од Вести