Бајден: Ќе се кандидирам на изборите во 2024
Американскиот претседател Џозеф Бајден (80) денеска изјави дека планира да се кандидира за претседател во 2024 година, но дека се уште не е подготвен да го објави тоа.
За време на неформалниот разговор за време на велигденската церемонија во Белата куќа, на новинарско прашање на уште колку настани во претседателската резиденција има намера да учествува, тој рече дека планира да се кандидира за функцијата, пренесува Ен-би-си њуз.
„Планирам да се кандидирам, но сè уште не сме подготвени да го објавиме тоа“, рече тој.
Според извештаите, и покрај лошиот рејтинг на Бајден, демократските моќници посочија дека сите се за кандидатурата за реизбор на Бајден дури и пред тој официјално да ја објави својата намера.