Во Битола промовирана монографија за академскиот сликар Борислав Траиковски

Македонско научно друштво-Битола вчера ја промовираше јубилејната монографија посветена на академскиот сликар Борислав Траиковски, со што беше одбележана 100 годишнината од неговото раѓање, како и богатото ликовно творештво на Траиковски…

„Борислав Траиковски е еден од најзначајните повоени претставници на македонската модерна уметност. Во изданието се поместени околу 300 слики кои содржински и квалитативно го изразуваат животот и професионалниот развој на Траиковски и овозможуваат Битола да биде препознатлива на сликарската мапа во Европа и светот“, посочи авторот на проектот Никола Главинче.

Издавањето на монографијата „Борислав Траиковски“ е поддржано од Министерството за култура како дел од програмата на на Македонското научно друштво-Битола, издавач на монографијата.



Слични Објави