Во Бугарија ќе се одржи хуманитарен концерт за поддршка на децата на починати лекари и наставници
Хуманитарниот концерт „Музика за доброто“, во организација на бугарската фондација „За доброто“, ќе се одржи на 6 декември 2026 година, со цел да се соберат средства за поддршка на децата на медицински работници и наставници кои го загубиле животот за време на пандемијата на КОВИД-19, изјавија организаторите, пренесува Актуално.
На концертот ќе настапат TONY, Белослава, TRINITY, Александар Славчев, Ерсин Мустафов и диџеј Mr. Moon, кои ќе го поддржат хуманитарниот фонд „За децата на хероите“.
Фондот е основан во 2020 година за да им помогне на децата на медицинските работници и наставниците кои починале додека ги извршувале своите професионални должности за време на пандемијата. Преку него се обезбедуваат месечни стипендии и финансиска поддршка до нивното полнолетство.
Во моментов фондот поддржува 21 дете, а организаторите нагласуваат дека нивната заложба за помош продолжува и по завршувањето на пандемијата.
Концертот ќе започне во 19 часот во барот „Петок“, а билетите се достапни преку мрежата на Eventim.bg. Посетителите при купувањето билет ќе имаат можност да ја поддржат иницијативата и со купување на хуманитарната плишена играчка „Изи“.
Повеќе информации за активностите на фондацијата „За доброто“ се достапни на нејзината официјална интернет-страница.
