| |

Во Бугарија одбележани 20 години од трагедијата во реката Лим

Денеска се навршуваат 20 години од трагедијата со децата од градот Свиштов во Бугарија кои загинаа во реката Лим. Денеска роднините и општината Свиштов приредија литургија и панахида на гробиштата, а пријателите на семејствата на загинатите деца дојдоа да оддадат почит кон нивниот спомен, јавува БГНЕС.

Пред 20 години на денешен ден во Свиштов од училишна екскурзија во Дубровник се враќаат 34 деца и 14 возрасни. Околу 22 часот, меѓу градовите Бјело Поле и Приполје, во близина на селото Гостун, автобусот паднал во водите на реката Лим. Во овој трагичен настан 12 деца од градот Свиштов.



Слични Објави