| |

Во Бугарија почнува проверка на сите патишта и автопатишта во земјата

Врховното административно обвинителство на Бугарија отвори предмет поврзан со тешката сообраќајна несреќа на автопатот „Струма“, во која загинаа граѓани на Северна Македонија, јавува БГНЕС.

Согласно наредба на главниот обвинител на Бугариј, Министерството за регионален развој и јавни работи и Државната агенција за безбедност на патиштата треба да извршат итна проверка на знаците и ознаките по патиштата, автопатиштата, експресните и магистрални патишта низ државата со цел да се исполнат сите барања за континуиран, безбеден и удобен сообраќај.

За потребите на увидот и со цел да се процени неговиот опфат, Врховното обвинителство бара итно да се обезбедат информации од овластени бугарски и меѓународни експерти, како и целосни податоци од невладините организации активни на полето на безбедноста во сообраќајот.

Резултатите од инспекцијата треба да се сумираат во извештај што ќе биде испратен до Обвинителството што е можно поскоро. Извештајот мора да ги содржи откриените наоди, дали има непочитување на важечките правила, конкретни мерки и дејствија преземени за отстранување на повредите и нивните последици, како и информации за санкционирање на сторителите, вкл. издадени управни акти.

Во случај при увидот да се утврдат податоци за кривични дела од општ карактер, тие задолжително се испраќаат до надлежните обвинителства и структури на МВР, по што треба да биде известено и Врховното административно обвинителство.

Слични Објави