Во Бугарија се одбележуваат 180 г. од раѓањето на бугарскиот револуционер и војвода Георги Бенковски
Одбележуваме 180 години од раѓањето на бугарскиот револуционер Георги Бенковски. Роден како Гаврил Хл’тев, тој бил клучна фигура во Внатрешната револуционерна организација и водач на Априлското востание во 1876 година во IV револуционерен округ.
Годишнината ќе биде одбележана во неговиот роден град Копривштица со богата програма.
Студентскиот натпревар „Жив ли е зборот на Бенковски“ започнува во 15:00 часот во Куќата-музеј „Георги Бенковски“.
Во 18:00 часот на отворената сцена на старото училиште започнува концерт на Претставничкиот ансамбл на вооружените сили на Бугарија, а во 20:00 часот пред споменикот на револуционерот ќе се одржи свечена програма на воени дувачки оркестри.
Кулминација на вечерта ќе биде 12-минутното светлосно шоу „Кнезот Бенковски“.
Програмата продолжува на 22 септември, кога пред пладне на плоштадот 20 април ќе помине парадата на воените униформи „Бугарија низ вековите“.
Вечерта во салата на читалището премиерно ќе биде прикажан филмот „Белешки за едно предавство“ во режија на проф. д-р Георги Диулгеров.
Во сабота повторно во читалиштето ќе се емитува документарниот филм „Кнезот“.
Прославите се одржуваат под покровителството на бугарскиот претседател Румен Радев.

