Во Бугарија се одбележуваат Денот на Тракија и 113 години од Одринската епопеја
Во Бугарија денеска се одбележува Денот на Тракија и 113 години од Одринската епопеја. Празникот е воведен во 2006 година, по предлог на Сојуз на тракиските друштва во Бугарија, како ден за почит кон борбата за слобода и жртвите за националниот идеал, јавува БНР.
Во Софија одбележувањето се одржува со оддавање почит пред споменикот на Одринците. На 26 март 1913 година Втората бугарска армија, под команда на Никола Иванов, го зазема Одрин – настан што го означува врвот на бугарските воени успеси за време на Балканските војни.
По победата е потпишан Лондонскиот мировен договор, со кој Бугарија добива голем дел од Тракија. Но, триумфот е краткотраен – истата година следува прогонот на тракиските Бугари во Одринска Тракија.
Денот на Тракија останува симбол на историската меморија, но и потсетник за цената на слободата и трагедиите што ги следат националните борби.
