| |

Во бугарскиот град Соединение почнуваат одбележувањата на 141 година од Соединението на Кнежевство Бугарија и Источна Румелија

Со свечена церемонија и почесна стрелба вечерва во центарот на бугарскиот град Соединение ќе почнат националните одбележувања по повод 141 година од Соединението на Источна Румелија со Кнежевство Бугарија, јавува БНР.

Претходно, во црквата „Свети Атанасиј“ ќе биде отслужен молебен во спомен на жителите на некогашното Големо Конаре кои учествувале во Соединението.

На 5 септември 1885 година од Големо Конаре, денешен Соединение, кон Пловдив тргнала четата на Продан Тишков – Чардафон. По пат ѝ се приклучиле и доброволци од околните села, а знамето го носела младата Недјалка Шилева.

По приведувањето на генерал-губернаторот Гаврил Крстевич, четниците се вратиле во Големо Конаре, а следниот ден, 6 септември, во Пловдив Соединението било официјално прогласено.

Денеска во Соединение ќе се одржи и свечена седница на Општинскиот совет, а вечерта на градскиот плоштад ќе бидат пресоздадени моменти од историските настани.



Слични Објави