| |

Во Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје ќе биде одбележан Денот на народните будители

Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје на 28 октомври со почеток од 18:00 часот ќе организира свечено одбележување по повод Денот на народните будители.

Во рамките на свечената програма ќе биде врачена почесната плакета „Будител на годината“ на Елисавета Шапкарева, претседателка на „Бугарското здружение на родовите од Македонија“, за нејзината севкупна општествена дејност и придонес во создавањето мостови на пријателство меѓу луѓето од Република Бугарија и Република Северна Македонија.

Предвидена е и празнична програма посветена на народните будители, со учество на учениците од Бугарското неделно училиште „Здравеј“ – Скопје. Во музичкиот дел од програмата Десислава Христова ќе настапи со изведби на оперетски арии.

Свеченоста ќе се одржи во Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје.

Слични Објави