|

ВО ДОМАШНА ИЗОЛАЦИЈА И НАДЗОР ЗАРАДИ КОРОНАВИРУСОТ СЕ НАОЃААТ 40-ТИНА ЛИЦА

Во домашна изолација и под здравствен надзор во земјава засега се наоѓаат околу 40-тина лица, поради контакти со двајцата сопружници од Општина Центар Жупа, соседна Општина на Дебар, кај кои завчера им е откриен корона вирус.

Сопружниците кои биле во посета на свои блиски во Италија, втор ден се наоѓаат на Инфективната клиника во Скопје и се во стабилна здравствена состојба со лесна форма на болеста, но поради возраста се во ризична група.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера на прес-конференција изјави дека лекарите ќе ја следат состојбата кај двајцата заболени, ќе се интервенира по потреба во ситуација да има влошување, а подготвени се и сите капацитети.

Тој информира дека епидемиолозите нашле уште девет други лица исто во околината на нивното место на живеење кои биле во близок контакт со двајцата пациентите и на сите деветмина им е определена домашна изолација и здравствен надзор. Идентификувани биле и сите преостанати патници од вкупно 28 лица кои се превезувале со нив во автобусот, а кои се исконтактирани телефонски.

Според последното соопштение од Министерството за здравство, од нив 22 се во домашна изолација и здравствен надзор, а тројца ја напуштиле земјата. За еден од патниците кој бил жител на Албанија, надлежните го известиле албанското Министерство за здравство за неговиот идентитет.



Слични Објави