|

ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО НА ПАТОТ ДЕЛЧЕВО-МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

Ситни одрони од утрово прават проблеми на возачите кои сообраќаат на релација Делчево – Македонска Каменица. Одроните се најзабележителни на потегот после село Очипала како и на други делови од патот.

Како што информираат од Јавното претпријатие ,,Македонија пат”, дежурните патари работат на отстранување на одроните на најкритичните места.

Слична појава на одрони како што дополнија надлежните е забележлива на местата кои поминуваат низ клисури, а додадоа дека можни се одрони и на патот Берово – Виница. Од утрово сообраќакот во Пијанец и Малешевијата поради дождот се одвива по влажни коловози.



Слични Објави