| |

НИЕ СМЕ КРИВИ

To nisu krivci primitivci
sto su pokupili mast
korov nikne digod stigne,
ma svaka njima cast

Krivi smo mi

Otkud svi ti paraziti
sto su nam zagustili
nemoj stari moj,
krivi smo mi
sto smo ih pustili

Балашевиќ со право се смета за  еден од најголемите кантавтори на овие простори. Човек кој што длабоко ја познава душата на луѓето од овие простори и ја преточува во помалку комични  стихови. Иако постојат десетици негови хитови кои благодарение на мојот татко ги знам наизуст,но во предизборниов период  никако не можам да побегнам од една конкретна песна. Не станува воопшто збор за некој од најголемите хитови, но е песна која што совршено ја отсликува нашата ситуација. Станува збор за „Криви смо ми“.

Како што вели песната, не се криви примитивците и паразитите во нашето општество – криви сме ние што им дозволивме да бидат такви. Примитивците и паразитите се нашите политичари на власта, луѓето кои што се на својата позиција затоа што ние ги одбравме. За тоа пак колку добро си ја вршат работата кажуваат нивните резултатати кои што се во најмала рака поразувачки. Не се криви ни Зајко, ни Мицко, ни Грујо, ни Бранко, криви сме ние што ги ставивме на тие позиции, а криви ќе бидеме и понатаму ако продолжиме на истите ликови да им ја даваме власта во рацете.

Не само што сме ние криви што тие се тоа што се, туку тие се и слика и прилика на нас како народ. Не падна Груевски од Марс на пример. Тој си излезе од овој народ, тука наш воздух дишеше, наша вода пиеше и со наши луѓе растеше и се формираше. Истото важи и за Заев и за сите други од таа фела. И тоа не само што се наша слика и прилика, туку тие на овој народ му го даваат тоа што го сака –  силен лидер, решавање на сите егизстенцијални проблеми преку партијата и државно „сигурно“ вработувње со мимнимален труд.  Се што си сакаме, тоа си добиваме. Затоа сме и таму каде што сме. Ете сега двете партии за да се додоворат на ДУИ ги прекроија границите на изборните единици, но тоа не е битно ние си добиваме тоа што сакаме – работно место во министерство. Кога утре Нефи  ќе ни стане пратеник тоа не е битно, битно добиваме награда за мавтањето на знамиња по митинзи.

Фино и убаво ни е, нема потреба да пробаме нова опција. Двете проверени опции ќе ни дадат се што си сакаме,а ние ќе им довзволиме да си прават играчки од државата. Секому според своите заслуги би рекле.

Putuj Evropo
i pos’lji nam malo peciva
nama je dobro,
sreca jedna neizreciva

Putuj planeto,
ovde se vrag priziva
nama je lepo,
slika jedna neopisiva.

Автор: Стјепан Покупец

Слични Објави