ВО ХРВАТСКА ОТКРИЕН БРАЗИЛСКИ СОЈ НА КОРОНАВИРУСОТ
Во Хрватска е потврдено присуство на мутација во бразилскиот вид на коронавирусот, објави хрватскиот портал „Индекс“.
Бразилскиот вид на вирус е идентификуван од научници од Лабораторијата за напредна геномика на Институтот Ружер Бошковиќ (РБИ), под раководство на д-р с.ц. Оливер Вугрек.
Од вкупно 50 примероци, собрани и анализирани во текот на декември минатата година и јануари и февруари годинава, бразилскиот вид на вирус е потврден на примерок од Загреб.
Примероците беа собрани од три хрватски градови – Загреб, Чаковец и Осиек.
Примерок со кој се потврди бразилскиот вид на вирус е земен во Загреб на 30 јануари годинава.
Во анализираните примероци, се наведува, дека не е пронајден т.н. Британски сој на вирус.
Вугрек вели дека откриената мутација на бразилскиот сој не е нова варијанта само по себе и се јавува во различни видови на вирусот САРС-КоВ-2.
Како примери ги наведе варијантите од Јужна Африка (Б.1.351) и Бразил (Б.1.1.28). Тој додаде дека засега фреквенцијата на т.н. Бразилски варијанти во други европски земји.