ВО КАМИОН КАЈ ГЕВГЕЛИЈА ОТКРИЕНИ 48 МИГРАНТИ

/

На 18.07.2019 во 13.30 часот кај базата на „Македонија пат“-Гевгелија, полициски службеници дале знак за запирање на товарно возило „Мерцедес Атего“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ж.В.(26) од Скопје. Возилото не застанало и во близина на село Грчиште, Ж.В. го запрел возилото и почнал да бега, но набргу потоа бил пронајден и лишен од слобода.

При прегледот во возилото биле пронајдени 48 лица-мигранти, од кои 38 лица од Пакистан и 10 од Бангладеш. Ж.В. бил предаден во Полициската станица Гевгелија и по целосно докуменирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од МВР.



Претходна статија

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДРЖАВНАТА ПРАВОБРАНИТЕЛКА ОД КУМАНОВО

Следна статија

ПОВЕДЕНА ПОСТАПКА ЗА РАЗБОЈНИШТВОТО КАЈ СЕНДВИЧАРАТА „ВИЛИ“

Најново од Вести