| |

ВО КАЗИНО ВО КУМАНОВО ИГРАЛ СО ФАЛСИФИКУВАНИ ЕВРА

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против 40-годишниот Д.Р. од селото Оровник, општина Дебарца, поради сомнение за сторено кривично дело фалсификување пари.

Како што информираат од МВР, пријавениот набавил фалсификувана банкнота од 100 евра и на 31 октомври минатата година ја пуштил во оптек како вистинска во казино во Куманово, разменувајќи ја кај вработената на каса во денари.

Откако вработената се посомневала дека банкнотата не е вистинска ја проверила во најблиската менувачница каде ѝ било потврдено нејзиното сомневање.



Слични Објави