|

Во Кочани отворен „The Nest“ – центар за психолошка поддршка и социјализација

Вчера во Кочани беше официјално отворен „The Nest“ – центар за психолошка поддршка и социјализација, јавува преку својата фејсбук страница иницијативата Support Kocani.

Овој уникатен простор стана реалност благодарение на А1 Македонија, која овозможи младите од градот да добијат безбедно место каде што можат да разговараат, да учат, да се дружат и да ја пронајдат својата сила и надеж за иднината.

Центарот е целосно бесплатен и нуди психолошки советувања, работилници и креативни активности, игри и простор за дружење.

„The Nest“ претставува симбол на поддршка и заедништво, со цел да им помогне на младите да се справат со предизвиците и да развиваат позитивни навики. Овој проект е уште едно потврдување на улогата на А1 Македонија како партнер и поттик за позитивни промени во општеството.

Организаторите изразија гордост што заедно со А1 Македонија создадоа место исполнето со поддршка, сила и надеж – простор кој ќе биде поттик за личен раст и зајакнување на заедницата.

Слични Објави