| |

Во Лос Анџелес формирана нова организација за промоција на бугарската класична музика

На свечена церемонија во Генералниот конзулат на Република Бугарија во Лос Анџелес официјално беше објавено создавањето на новата невладина организација Bulgarian Classical Concerts – Los Angeles, информираат од бугарската дипломатска мисија, пренесува БНР.

„Срдечно ги поздравуваме нејзините основачи – добитничката на Греми, композиторката Пенка Кунева, виртуозната виолинистка Благомира Липари и режисерот Георги Здравков – за оваа инспиративна иницијатива која ќе му даде нов живот и сцена на бугарскиот концертен живот на Западниот брег,“ се наведува во објавата на Фејсбук страницата на Конзулатот.

Во денот на претставувањето, поддршка преку видео-обраќање упати Карла Горди Бристол, комесар за култура на градот Беверли Хилс, а од Бугарија честитка испрати и Снежана Јовева-Димитрова, директор на Државниот културен институт при бугарското Министерство за надворешни работи.

Генералниот конзулат на Бугарија во Лос Анџелес ќе биде партнер на Bulgarian Classical Concerts – Los Angeles и најавува возбудливи настани уште оваа есен, „кои ќе допрат до срцата и ќе градат културни мостови преку уметноста на Западниот брег на САД“.



Слични Објави