ВО МАКЕДОНИЈА СТИГНА ВТОРАТА ПРАТКА ОД РУСКАТА ВАКЦИНА „СПУТНИК В“
Попладнево во 14:30 часот на меѓународниот аеродром во Скопје стигна втората пратка од руската вакцина „спутник в“, наменета за ревакцинација на 3.000 здравствени работници, информира Министерството за здравство.
Првата пратка стигна на 7 март. Од рускиот производител, Македонија обезбеди 200.000 вакцини.
Утрово на скопскиот аеродром пристигнаа и 24.000 вакцини од „Астра зенека“ преку механизот Ковакс. Со нив в среда ќе почне вакцинацијата на лицата постари од 75 години.