| |

Во Малата Софија во 1913 година загинале 13 големи Бугари

Пишува: Недјалко Бакалов

Илјадници Бугари одат со автомобили, автобуси или чамци до манастирот „Свети Наум“ за да се поклонат пред гробот на ученикот на светите браќа Кирил и Методиј, го ставаат увото на камената плоча за да го слушнат чукањето на неговото срце и за да посакаат едно нешто: „Да умреме со светата надеж на нашите свети предци, Бог да ги погледне брзите води на Вардарот“. Ова го напишал нежниот текстописец Николај Лилиев, кој сигурно нема испукано ниту еден куршум во животот.

Илјадници го посетуваат манастирот, но едвај дваца-тројца застануваат во селото Велгошти. Според официјалната статистика овде живеат над 3.000 Македонци и ниту еден Албанец. Нормално – и ниту еден Бугарин. Иако веќе познавам барем еден Бугарин во Велгошти.

Ме одведе мене и моите пријатели на споменикот на 13-те Бугари убиени од српскиот окупатор во есента на 1913 година. Србите го нарекле селото Мала Софија, јасно е зошто. По поразот на Охридско-дебарското востание, во кое заедно се бореле Бугарите и Албанците против окупаторот, сите постари мажи биле однесени на селскиот плоштад и секој петти бил изваден да биде стрелан.

За 2 месеци – на 7 септември се навршуваат 110 години од востанието, чиј погром испратил 30 илјади нови бежанци во Бугарија. Водач на локалниот одред е Антон Шибаков, роден во Велгошти, осуден на смрт од Србите, конечно помилуван, пуштен од затвор во 1926 година. Во 1941 година ја пречекал бугарската војска. На споменикот е врежано името на Ристо Шибаков, очигледно роднина на војводата. Застрелани се и двајца Латкови. Кога го откриле споменикот, каменорезецот бил принуден да ја издлаби над имињата ѕвездата на Вергина. Македонскиот поттекст е јасен: убиените се потомци на античките Македонци. А тие биле Бугари, сите имиња им завршуваат на -ов, долу пишува „убиени од српскиот окупатор“.


Споменикот на 13-те убиени од српскиот окупатор Бугари од селото Велгошти. Фото: Ефим Ушев



Бела боја течела врз имињата. Мојата прва мисла: некој се обидел да го сквернави споменикот. Не е тоа, ми вели Бугаринот од Велгошти, некој сакал да ја обои со бело зелено и црвено ѕвездата од Вергина. Тој не бил уметникот, а тоа значи дека во Велгошти има најмалку двајца Бугари, неофицијално легитимирани како такви. Сонцето, дождот, снегот, бурите ги однеле боите на тробојката, останале само капки од мирното бело. Кај споменикот антички Македонец си ги затвора животните. Буквално шетаме во расипано ѓубриво. Од блиската ливада береме цвеќе, палиме свеќа, се прекрстуваме. Бугарите во Велгошти стануваме 19 – 13 убиени од српскиот окупатор, двајца на стража и четворица од Горната земја. Тоа е цела чета. Окупаторите нека му ја мислат…



Слични Објави