| |

М. ЧАВУШОГЛУ: ГРЦИЈА НЕ ИМ ДОЗВОЛУВА НА МУСЛИМАНИТЕ ВО ЗАПАДНА ТРАКИЈА ДА СЕ НАРЕКУВААТ ТУРЦИ

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу упати критики кон Грција бидејќи истата не ги почитува правата на муслиманското малцинство во Западна Тракија и им забранува на припадниците на тоа малцинство да се нарекуваат “Турци”.Тој се обрати пред 54-от состанок на Советот на ЕУ и Турција. За време на форумот, Брисел изрази загриженост во врска со кандидатурата на земјата за членство, ставајќи акцент врз кршењето на основните човекови права, непочитувањето на принципот за владеење на правото, како и независноста на судството.

“Грција не ги признава верските права на муслиманското малцинство, муфтиите исто така не можат да ги остваруваат своите права”, изјави Чавушоглу, кој е и главен преговарач на Турција за нејзиното членство во ЕУ. Тој додаде дека Турците кои живеат во Грција, не можат да се нарекуваат “Турци” и покрај спротивната определба на Европскиот суд за човекови права во однос на случајот.

Слични Објави