ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО НЕМА СТИГНАТО КРИВИЧНА ЗА ПРАТЕНИЦИТЕ КОИ ПОЗИТИВНИ ДОЈДОА ВО СОБРАНИЕ – „ГО СЛЕДИМЕ СЛУЧАЈОТ И ЌЕ ПОСТАПИМЕ“

/

Двајца пратеници, кои иако позитивни на коронавирус и треба да бидат во задолжителна изолација, сепак вчера ги се појавија во Собранието.

Според законот, секое лице кое го прекршува решението за изолација треба да биде казнето согласно членот 206.

„Тој што за време на епидемија на некоја опасна заразна болест не постапи според прописите или наредбите со кои се определуваат мерки за нејзиното сузбивање или спречување, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година. Ако делото го стори правно лице, ќе се казни со парична казна“.

ТВ21 побара одговори од Обвинителството дали тие ќе покренат некоја постапка за двајцата пратеници, но од таму велат дека засега нема пристигната кривична пријава за овој настан.



„До овој момент до Јавното обвинителство не е пристигната кривична пријава за настанот за кој покажувате интерес. Обвинителството ги следи сите информации и ќе постапи согласно своите надлежности“, посочуваат од Обвинителството.

Претходно, поради непочитување на изолација и според истиот член кривична пријава доби и градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, но подоцна пријавата беше отфрлена како неоснована.

Извор: ТВ21

Претходна статија

КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ ОДЛУЧИ ДА ГИ ПРОДОЛЖИ РЕСТРИКТИВНИТЕ МЕРКИ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА

Следна статија

ГРАД СКОПЈЕ ГО ОБЈАВИ ПОВИКОТ ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ВЕЛОСИПЕДИ И ЕЛЕКТРИЧНИ ТРОТИНЕТИ

Најново од Вести