КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ ОДЛУЧИ ДА ГИ ПРОДОЛЖИ РЕСТРИКТИВНИТЕ МЕРКИ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА

/

Уште една недела да бидат затворени кафеаните и полицискиот час да трае од 20 часот навечер до 5 часот наутро, предложи Комисијата за заштита на населението од заразни болести до владата. Предлогот кој најверојатно ќе биде поддржан од владата, се должи на епидемиолошката слика во земјава, која, иако се подобрува, уште сугерира дека има притисок врз болничките капацитети. 

Барањата за хоспитализација кај пациенти со влошена состојба како последица на ковид претставуваат главен параметар да продолжи времетраењето на мерките уште една недела. Британскиот сој на коронавирусот, за разлика од вирусот што беше активен во ноември, предизвикува подолги хоспитализации.– На редовниот состанок со директорите на клиниките и ковид центрите, направивме евалуација на состојбата во однос на хоспитализациите за време на викендот се до денес. Состојбата е стабилна и постепено се намалува бројот на приеми на пациенти. Се надеваме дека и натаму мерките ќе даваат резултат, со оглед на тоа што и бројот на новодијагностицирани се намалува, во очекување сме ситуацијата да продолжи да се стабилизира, вели министерот за здравство Венко Филипче.



Според забраните што се на сила, не смеат да работат угостителските објекти, освен за достава на храна и пијалаци и шалтерски. Полицискиот час наместо од 22 навечер до 5 часот наутро, продолжува да важи од 20 часот навечер до пет часот наутро, односно два часа подолго. Не смеат да се организираат конференции и семинари, забранета е работата на фитнес центрите и обложувалниците освен на шалтер. 

Претходна статија

ГРАНИЦАТА СО ГРЦИЈА ОСТАНУВА ЗАТВОРЕНА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ, СРБИТЕ МОЖАТ ДА ПАТУВААТ ПРЕКУ БУГАРИЈА

Следна статија

ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО НЕМА СТИГНАТО КРИВИЧНА ЗА ПРАТЕНИЦИТЕ КОИ ПОЗИТИВНИ ДОЈДОА ВО СОБРАНИЕ – „ГО СЛЕДИМЕ СЛУЧАЈОТ И ЌЕ ПОСТАПИМЕ“

Најново од Вести