ВО ПОСЛЕДНИТЕ ДВА МЕСЕЦИ ЛУКАКУ ПОСТИГНА ПОВЕЌЕ ГОЛОВИ ОД СВОЈОТ ПОРАНЕШЕН КЛУБ

По пристигнувањето во Интер, белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку се препороди. Тој вчера постигна два гола за „нероазурите“, со кои на клубот му донесе значајна победа против Болоња. Но, Белгиецот за кус период стана омилен и меѓи фановите на Интер.

Лукаку постигна вкупно девет гола во италијанскиот шампионат, а интересно е, ако ги броиме изминатите два месеци, тој е поефикасен од поранешниот клуб Манчестер Јунајтед.

Лукаку во овој период постигна осум гола, а клубот во кој не добиваше посакувана минутажа – само седум.

Во Манчестер сигурно се жалат за Лукаку, кој игра во одлична форма, а во Интер се надеваат дека конечно можат да го симнат Јувентус од тронот.

Нова можност за да ја зголеми оваа бројка на погодоци Лукаку ќе ја има во вторник навечер, кога Интер ќе гостува во Германија кај Борусија Дортмунд,  во натпревар од Лигата на шампионите.

Извор: Спорт1