ВО СЕНАТОТ ПОЧНА ИМПИЧМЕНТОТ НА ТРАМП- ДЕМОКРАТИТЕ НЕМААТ 2/3 ОД ГЛАСОВИТЕ
Процедурата за импичмент на американскиот претседател Доналд Трамп во Сенатот, започна со дебата меѓу демократите и републиканците за правилата на самиот процес. Американскиот Сенат ги отфрли обидите на демократите да додадат нови докази против Трамп.
Трамп е обвинет дека побарал поддршка од Украина за неговиот реизбор и опструирање на Конгресот. На Светскиот економски форум во Давос, тој уште еднаш ги отфрли обвинувањата, нарекувајќи ги едноставни измислици.
Се очекува Трамп да го даде својот прв поширок коментар за реалниот процес што може да доведе до негово отстранување. Претседателот ќе даде интервју за телевизискиот канал Фокс.
Трамп би можел да биде сменет од должноста ако две третини од Сенатот гласаат „за“. Во сегашниот состав на Горниот дом на Конгресот, демократите немаат две третини од гласовите.

