|

ДЕСКОСКА: ЗАКОНОТ ЗА ЈО НЕ ПРЕДВИДУВА АПСОЛУТЕН ТРАНСФЕР НА ОБВИНИТЕЛИТЕ НА СЈО

Апсолутно не е точно тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ дека во новиот предлог закон е предвидено „вдомување“ на обвинителите од поранешното Специјално јавно обвинителство во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, вели министерката за правда Рената Дескоска. Таа објаснува дека членот од законот кој предвидува зголемување на бројот на обвинители во Обвинителството за гонење на организиран криминал не значи апсолутен трансфер на обвинителите од СЈО, јавува Фокус.

-Законот предвидува практично проширување на бројот на обвинители во Обвинителството за организиран криминал за кој што број потоа ќе се распише конкурс и потоа секој обвинител што исполнува услови ќе може да конкурира. Не значи тоа апсолутен трансфер на обвинителите на СЈО. Целта на овој предлог е да се создаде капацитет на Обвинителство за организиран криминал кое што ќе ги има сите предуслови вклучувајќи ги и човечките капацитети, да ги преземе зголемените надлежности кои ги има според овој Закон, објансува Дескоска.

Целиот напис прочитајте го овде.

Слични Објави