ВО СКОПЈЕ ХОСПИТАЛИЗИРАНИ 71 НОВ ПАЦИЕНТ СО КОРОНАВИРУС ЗА ЕДЕН ДЕН

//

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје хоспитализирани се 71 нов пациент поради компликации од коронавирусот, вкупно се лекуваат 514 пациенти, а голем дел од нив е на кислородна поддршка. Во болниците во другите градови се лекуваат 679 пациенти, со што вкупниот број пациенти со коронавирус во земјата е 1.193.

Од Министерството за здравство соопштија дека поради зголемениот број на пациенти кои имаат потреба од хоспитализација, во Скопје е отворен и ковид-центарот на Клиниката за трауматологија.

Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ вчера се примени 26 нови пациенти, 15 пациенти биле примени на Инфективната клиника, а во Козле биле примени шест нови пациенти.



Во изминатите 24 часа од ковид-центрите во Скопје дома се пуштени 29 оздравени пациенти.

Од Министерството за здравство велат дека бројот на приеми во изминатите денови во Скопје е зголемен и утрово, до 8 часот, имало 40 слободни места, а во ковид-центрите во другите градови има околу 290 празни болнички кревети.

Претходна статија

ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА МЕЃУНАРОДНИОТ СОЈУЗ: Сѐ СЕ КРИЕШЕ ОД МЕНЕ, НЕ ЗНАЕВ ШТО ПОТПИШУВАМ

Следна статија

ЗАЕВ: ЗАЕДНИЧКАТА МАНИФЕСТАЦИЈА „ПО ТРАГИТЕ НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ НА СЛОВАЧКА, ЧЕШКА И СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Е ОД ОГРОМНО ЗНАЧЕЊЕ

Најново од Вести