| |

Во Софија е отворен музеј на легендарниот бугарски фудбалер Христо Стоичков

Четворица бугарски претседатели Румен Радев, Росен Плевнелиев, Георги Прванов и Петар Стојанов присуствуваа на отворањето на музејот на легендарниот бугарски фудбалер Христо Стоичков во Софија, јавува БГНЕС.

„17 ноември 2023 година за мене е веќе како 17 ноември 2023 година! Благодарност до претседателите Румен Радев, Петар Стојанов, Георги Прванов и Росен Плевнелиев! Благодарам на Стефка Костадинова и Димитар Пенев! Благодарам на сите пријатели со кои ја отворивме мојата сала на славата!Почит за Владо Памуков и моите пријатели од МобиСистемс, издавачката куќа Softpress и неверојатниот тим на мојот бренд H8S“, рече Стоичков на отворањето.

Во новата „Куќа на славните“ -се изложени предметите кои ја одбележаа кариерата на легендарниот фудбалер. Со своето присуство настанот го испочитуваа бугарските спортски легенди Стефка Костадинова, Армен Назарјан, Петар Лесов, Танја Богомилова, Красимир Бал’ков, Наско Сираков, Димитар Пенев, а од САД со видео честитка учествуваше и Валентин Јорданов.

Експозицијата ги прикажува трите највисоки индивидуални награди во ризницата на брендот Стоичков – „Златна топка“, најважната награда за фудбалер – освоена во 1994 година, „Златна копачка“ за голгетер број 1 во Европа (1990 г.), „Златен Онц“ за најдобар фудбалер во светот за 1992 година.

Фото: БГНЕС



Слични Објави