Во Софија е поставена изложбата „Со глаголицата околу Земјата“
Над 200 индивидуални и групни творечки проекти од девет држави беа претставени денеска, 9 септември, на меѓународната изложба-инсталација „Со глаголицата околу Земјата“, која беше отворена во Бугарското национално радио во Софија, соопшти Извршната агенција за Бугарите во странство.
Изложбата е дел од меѓународен научно-уметнички проект посветен на глаголицата како симбол на бугарската духовност, културната меморија и идентитетот.
Во изложбата ќе можат да се видат дела на припадници на бугарските заедници во Турција, Данска, Грција, Велика Британија, Италија, Ирска, Канада и САД, како и на ученици и уметници од Бугарија.
„Проектот ги обединува творечките погледи на Бугари од различни генерации и од различни делови на светот, претворајќи ја глаголицата во мост меѓу историјата, современоста и бугарските заедници во странство“, наведуваат од Агенцијата.
Иницијатор и куратор на изложбата е Мира Копанаров, бугарска уметница од Торонто, Канада. Настанот се организира со поддршка на Бугарското национално радио и Кирило-Методиевскиот научен центар при Бугарската академија на науките.
