| |

Во Софија ќе се одржи настан посветен на Дона Ковачева, блиска соработничка на Гоце Делчев

Меѓународната фондација за соработка и културен натпревар ,,Гоце Делчев ” заедно со Сојузот на воспитаници на военото училиште на Негово Височество ШЗО и РВГ – клуб Ќустендил ,, Полковник Христо Стојанов”, организираат настан во чест на бугарската револуционерка Дона Ковачева. Настанот ќе се одржи на 5-ти декември 2022 година, со почеток од 18 часот локално време, во салата на Државната агенција ,,Архиви”, на ул. Московска” бр. 5 во Софија.

Дона Ковачева е родена во 1855 година во босилеградското село Паралово. Рано останува вдовица. Нејзината куќа во Ќустендил била собиралиште на многу комити, учесници во ослободителното движење на Бугарите во Македонија. Во нејзината куќа престојувале Даме Груев, Пере Тошев, Јане Сандански, Ѓорче Петров и други македонски револуционери.
Во периодот 1895-1903 година во нејзината куќа се наоѓа штабот на Гоце Делчев.
Куќата на баба Дона е објавена за споменик на културата во Бугарија.

Дона Ковачева умира во 1926 година во Ќустендил.



Слични Објави