| |

Во Софија ќе се основа клуб на добитничките на признанието „Бугарка на годината – Св. Злата Мегленска“

Клуб на добитничките на признанието „Бугарка на годината – Св. Злата Мегленска“ ќе биде основан на 14 октомври во 15 часот во седиштето на Извршната агенција за Бугарите во странство во Софија, соопшти Агенцијата, пренесува БТА.
Иницијативата има цел да ги поврзе добитничките и да поттикне заеднички проекти за поддршка на бугарските заедници во странство.

Поканети се сите жени што го добиле признанието од неговото воспоставување до денес.

„Клубот ќе биде простор за средби, за размена на идеи и искуства и за создавање нови иницијативи за поддршка на бугарските заедници во странство. Идејата е поврзаноста меѓу добитничките да продолжи и по добивањето на признанието, а тоа да стане основа за нови заеднички каузи и проекти“, наведоа од Агенцијата.

Церемонијата на доделување на признанието ќе се одржи на 15 октомври во 13:30 часот во салата „Максима“ на Универзитетот за национално и Светско стопанство во Софија.

За признанието „Бугарка на годината – Св. Злата Мегленска 2025“ се пристигнати 29 кандидатури на Бугарки од 11 држави. Агенцијата ги претстави сите номинирани во периодот од 17 до 31 август, објави БТА.

Од Германија се номинирани Борјана Величкова од Берлин, Весела Иваничкова од Карлсруе, Гергана Бониа од Есен, Катја Бјалкова од Минстер, Љутвие Генчева од Фрајбург, Магдалена Прјуфер од Дрезден и Севдалина Атанасова од Тибинген.

Номинирани од САД се Деси Јорданоф, Меглена Љубенова и Јулија Ташева од Вашингтон, Диана Чолакова од Орландо, Елисавета Јорданова од Њујорк и Елка Рускова од Сиетл.

Од Австрија се номинирани Гаља Милева, Нина Василева-Занешев и Теодора Милева, сите од Виена. Од Канада кандидатки се Детелина Минчева од Калгари, Марија Димитрова од Нијагара Фолс и Јана Беличка од Монтреал.

Од Велика Британија се номинирани Валентина Александрова-Кирова од Оксфорд и Десислава Радуловска од Нотингем, а од Молдавија – Екатерина Ламбова од Тврдица и Елена Насека од Тараклија.

Меѓу номинираните се и Ирина Ганчева-Чурса од Запорожје и Тетјана Станева од Украина, Виорика Роман од Извоареле, Романија, Ирина Стамболијска од Пори, Финска, Камелија Илиева од Прага, Чешка, и Светла Анастасова од Амстердам, Холандија.

Слични Објави