Во Софија се одржа премиерата на најновиот документарен филм на Милена Милотинова „Срцето на другата Бугарија“
Во Централниот воен клуб во Софија синоќа се одржа премиерата на документарниот филм „Срцето на другата Бугарија“ на познатата бугарска новинарка Милена Милотинова. Лентата е создадена по повод 30-годишнината од формирањето на Агенцијата за Бугарите во странство.
Настанот започна со песната „Кажи, облаче ле бело“ во изведба на Билјана Митева. Потоа беше емитуван 30-минутниот документарец.
„Филмот ја претставува бугарската заедница во странство и работата на Агенцијата со неа, велам заедница, иако тие се расфрлани низ целиот свет.Бугарска заедница која го штити бугарскиот јазик, култура и душевност. За време на снимањето на филмот бев импресионирана, како овие луѓе се собираат во заедница и го штитат бугарскиот дух. Во странство има 400 бугарски неделни училишта. Тие се основани на доброволна основа и со години се бореле за финансирање од бугарската држава, пред да почне Министерството за образование да ги финансира. Дотогаш се самофинансирале – тоа се пари за кирии за училници, плати на наставници и слично, сподели Милотинова во утринската програма на бугарската телевизија Bulgaria On Air „Бугарија на утро“.

„Во секој град каде што има бугарска заедница, Бугарите сами ги создавале овие училишта, додека државата не ги припрозна и не почна да ги финансира во 2008 година. Од 1991 година, кога државата престана да ги финансира училиштата во амбасадите, до 2008 година, бугарските неделни училишта воопшто немаа финансирање. Фолклорните ансамбли, кои се заштитно лице на Бугарија, создадени по сопствена иницијатива, танцуваат апсолутно професионално. Тоа се поранешни членови на бугарските фолклорни ансамбли, кои одејќи да живеат и работат во странство, создаваат една мала Бугарија“, рече Милотинова.
Секоја година тие имаат десетици настапи во странство и се заштитно лице на бугарската култура, надвор од границите на нашата земја.
Според неа, битката на фолклорните ансамбли е Министерството за култура да ги препознае и да почне да ги финансира, макар делумно или на проектна основа. Во овој веќе започнат разговор им помага и Извршната агенција за Бугарите во странство.
Фолклорните и пејачките групи надвор од Бугарија се вистински амбасадори на бугарската култура во странство. Нашите сонародници во странство ја сакаат Бугарија и се грижат за земјата, истакнува новинарката.
„Само такви луѓе можат да го зачуваат бугарскиот дух во странство. Тие се големи патриоти“, нагласува таа.
„Ќе ја видиме работата на Агенцијата за Бугарите во странство низ очите на луѓето кои ги претставуваат бугарските заедници во странство – што чувствуваат за оваа институција. Тие зборуваат за долгата битка за финансирање на нашите неделни училишта. Сега истата битка се води за финансирањето на фолклорните ансамбли и пејачки групи во странство. Се надеваме дека дијалогот ќе даде резултати Неодамна донесените измени на Законот за Бугарите во странство, ќе ги исполнува Извршната агенција за Бугарите во странство и во неа треба да учествуваат министрите за образование, култура, за надворешни и за внатрешни работи, за правда и за е-влада, бидејќи таа ги знае проблемите на сите наши заедници во странство“, резимира Милотинова.
„Ми требаше много време да го снимам филмот бидејќи има многу материјал, а еден филм тешко може да ги покрие сите аспекти на оваа бескрајна тема“, рече таа.
