НЕКАЗНИВОСТА Е ИЗВОРОТ НА СИТЕ ПРОБЛЕМИ ВО МАКЕДОНИЈА
Доста трошите енергија во небитни дневни “скандали” преку алехмиски процеси за мувата да стане слон – проблемот е комплициран, да, но истовремено толку е голем што не ми е јасно како не го гледате!
И сета недоверба и целиот слаб капацитет на системот за одговор се должат просто на неказнивоста.
Ова општество во кое на прсти од една (!) рака се бројат функционери без отворени процеси, кривични пријави и одлуки на ДКСК против нив, нема луксуз, значи НЕМА луксуз веќе да се дели по идеолошка, партиска, етничка, верска, социјална линија…
Тука има една единствена поделба – на чесни и на криминалци.
Во сите бои.
Толку.
Откако ќе се расчисти со вторите ќе седнеме и ќе се поделиме на атеисти и верници, на прогресивни и конзервативни, на Македонци и Албанци, на што сакате… па на таков чист терен ќе имаме битки.
Дотогаш, секој атом енергија потрошен во лов во матно и креација на дневни џанк фуд теми за јавност оди во прилог исклучиво на криминалците!
Просто како грав!
Facebook статус на новинарката Катарина Синадиновска

