| |

Во Софискиот универзитет е отворен Центар со лабораторија за истражување на аутизмот

Во Софија e отворен Центар со лабораторија за истражување на аутизмот, во рамките на Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“, јавува БНР. Основната цел на центарот е да помогне во дијагностицирањето и инклузијата на децата со аутизам во училишната средина.

Објектот на центарот е на два ката. На приземјето се одржуваат консултации, логопедски и психолошки сесии со децата и нивните родители. На вториот кат е поставена специјализирана опрема за неинвазивни генетски истражувања.

Професорот Милен Замфиров изјави дека во лабораторијата ќе се спроведуваат неинвазивни генетски анализи насочени кон проучување на механизмите поврзани со појавата на аутизмот.

Центарот е отворен за сите деца со аутизам. Пријавувањето за истражувања и консултации може да се направи онлајн или по телефон.



Слични Објави