Во сообраќајна несреќа што се случила во саботата на магистралниот пат кај Св.Еразмо, охридско, тешко повреден е велосипедист од Охрид.
Несреќата се случила помеѓу автмобил „мерцедес“, уравуван од Ќ.И.(55) од с.Велешта, струшко, и велосипед управуван од Ј.А.(61) од Охрид.
Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот и бил пренесен во болницата „Св. Еразмо“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од СВР Охрид.