Во Варна стартува меѓународната регата „Кор Кароли“
Во Варненскиот залив денеска ќе биде даден старт на Меѓународната регата „Кор Кароли“, информира Општина Варна, пренесува БНР. Натпреварувањето ќе трае до 18 август и се одржува по 25-ти пат, во деновите околу празникот на црноморската престолнина на Бугарија – Варна, кој се одбележува на 15 август.
Регатата „Кор Кароли“ е основана во 1992 година во чест на капетан Георги Георгиев – првиот Бугарин што учествувал на трансатлантската регата OSTAR во 1976 година, по што го извршил и првото бугарско едриличарско патување околу светот. Тој испловил од Хавана на 20 декември 1976 година и се вратил повторно таму по успешно завршената светска тура.

