|

Во тројанското село Орешак започна најголемиот панаѓур на занаетите во северниот дел на Бугарија

Во тројанското село Орешак, повеќе од 70 занаетчии ќе ги прикажат тајните на своето мајсторство на традиционалниот Панаѓур на занаетите, кој започна денеска и ќе трае до недела, јавува БНР. Шатрите на мајсторите на традиционалните бугарски занаети се поставени на улицата пред Националната изложба на занаети и уметностите во Орешак, веднаш до Тројанскиот манастир.

Панаѓурот, кој е најголем од таков тип во северниот дел на Бугарија, датира уште од 18 век и традиционално се одржува во деновите околу големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица – 15 август.

Во петок, на денот на храмовиот празник на Тројанскиот манастир, по божествената света литургија ќе се одржи литиска поворка со чудотворната икона на Света Богородица Троеручица, која се чува во манастирот со векови. Иконата ќе биде пренесена до блискиот параклис, каде што, според преданието, уште во 1600 година Божјата Мајка го направила своето прво чудо преку оваа икона. Верниците ќе имаат можност да се поклонат пред светилиштето и да се помолат за здравје и спасение.

Слични Објави