ВЕЧЕР: ЕДЕН ОД РЕКЕТИТЕ НА БОКИ, 400.000 ЕВРА СЕ ИСПЛАТЕНИ ВО СРБИЈА!
Аферата рекет станува меѓународна тема, не само затоа што во барањата за нејзиниото темелно расчистување учествуваат САД и ЕУ кои се и ментори на создавањето на СЈО кое е директно прозвано и препознаено како учесник во рекетот на бизнисмени од страна на државни институции, политичари и поединци, туку и текот на парите излегува од Македонија и станува меѓународен криминал и, како таков, истрагата за рекетот е речиси невозможно да биде заташкана иако во јавноста масовно се создава впечаток дека македонската истрага не ја врши својата работа согласно законот и серизоноста на делото.
Порталот Вечер има ексклузивни сознанија од српските органи кои се занимаваат со организиран криминал, особено финансиски, дека рекетот на Боки 13 се исплаќал и во Србија, и дека во целата постапка е вклучен и советникот на премиерот Заев, Зоран Башановиќ од Белград. Бидејќи се работи за серизоен криминал во кој се вмешани и високи државни институции ние, како особен јавен интерес, ги објавуваме засега службено непотврдени сознанијата за овие дела, работа на обвинбителството е овое сознанија да ги има на увид и преземе активности за дополнителни детали и нивно крајно утврдување.
Целиот напис прочитајте го овде.