Во Велико Трново почнаа одбележувањата на Независноста на Бугарија
Во Велико Трново почнаа свеченостите по повод Независноста на Бугарија, во рамки на петдневниот есенски фестивал „Ноќ на Самоводската чаршија“, јавува БНТ.
Самоводската чаршија е претворена во отворена сцена за занаетчии и уметници, а синоќа илјадници посетители го проследија 3Д мапинг-шоуто „Големината на Асеневци“. Со светлосни ефекти беше претставена историјата на Второто бугарско царство и подемот на земјата во тој период. Програмата заврши со огномет над Велико Трново.
