|

Вонредна есенска дератизација во скопски Центар

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски преку социјалните мрежи соопшти дека општината, во соработка со Институтот за јавно здравје Скопје, веќе пет дена спроведува вонредна есенска дератизација, со која се опфатени 1.980 шахти.

„Акцијата има за цел уништување на штетни глодари и превенција од заразни болести, како дел од мерките за заштита на здравјето на жителите“, вели тој и додава дека препаратот што се користи е сертифициран од овластен производител и безбеден за другите животински видови.

„Во услови на хаос во градот во однос на јавната хигиена, оваа акција е важен чекор за спречување на потенцијални извори на болести“, вели Герасимовски.



Слични Објави