ТАТКО И СИН ПОВРЕДЕНИ ВО ТЕТОВО
Возач на „голф“ удрил во татко и син кои се возеле на мотоцикл во Тетово. По ударот возачот на автомобилот избегал од местото на несреќата. Таткото се здобил со тешки повреди, а синот со полесни повреди.
Полицијата извести дека сообраќајката се сличила вчера во 12.15 часот на улицата „146“ во Тетово. Автомобил „голф 4“, управувано од засега непознато лице удрило во мотоцикл „боатиан“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Х.И.(53) од Тетово, на кој се превезувал и неговиот малолетен син.
Двајцата повредени биле пренесени во клиничката болница Тетово, а од МВР известија дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.