ГЕЈТС: ВАКЦИНАТА ПРОТИВ COVID-19 НЕМА ДА МОЖЕ ДА ГИ ПОКРИЕ ЦЕЛОСНО СИРОМАШНИТЕ ЗЕМЈИ

Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс потпишала договор со 16 фармацевтски компании со цел да соработуваат за производство на вакцина против коронавирусот, да го забрзаат процесот и да обезбедат што поскоро да започне дистрибуцијата низ целиот свет.

Основачот на „Мајкрософт“ додава дека моментално најголемиот дел од светската залиха на вакцини против коронавирусот е предвидена за испраќање во богатите земји.

Гејт соопштува дека земјите со ниски и ниско средни приходи ќе можат да покријат најмногу 14 отсто од своето население.