| |

Томас Лебамов: Сакам да го откријат гробот на Александар и да излезе дека е мој петти братучед

Бугарија не треба да отстапува од својата позиција во однос на Северна Македонија, кажа уште еден од лидерите на МПО во САД.
Јас и мојот брат сме последните заколнати од Ванчо Михајлов во лојалност кон ВМРО.
Бугарија треба да помогне за дигитализацијата на архивот на организации како МПО Пирин.
Македонија е само географски поим, таму има Бугари…


Господине Лебамов, каков е Вашиот однос кон претстојниот Месец на македонското културно наследство кое што треба да се одржи во САД?

Немам чуено поголема лага во мојот живот. Посебно тоа дека Македонците дошле уште во 15 век во Америка. Како дошле кога ги немало на картата? Едноставно тоа е нивниот нареден обид да се фалсификува историјата. Тоа е нивен приоритет со години. Но луѓето успеваат во спроведувањето на таа политика и за жал некои во тоа им веруваат. Ние се обидуваме да ги разоткриваме нивните лаги, но нашите сили се многу скромни, бидејќи тоа не се случува од денес. Тоа е уште од титово време кога тие се обиделе да избришат се што се бугарско во Северна Америка.

-Да познавав луѓе од старата емиграција кои се жалеа точно на таа асимилација.

Во оние години Југославија била многу активна во измислувањето на македонската нација. Многу бугарски друштва се пишале македонски поради простата причина што им се кажувале тотални лаги. Кога ќе се додаде на тоа и политиката на Коминтерна, на која што и бугарските комунисти беа лојални, нештата стануваат реалност. Секогаш сум тврдел дека Македонија е само географски поим. Во Македонија живеат Грци, Турци и најмногу Бугари и не може да биде нешто повеќе од географски поим. Ако признаеме нешто друго значи ја фрламе на ветерот борбата на 4 генерации Бугари кои се бореле за независноста на овој дел од нашата татковина. Немаме право на тоа. Штетите што се нанесени од годините без активности со помошта на македонизмот ги дадоа своите резултати. Пред нас е 15 век и уште куп лаги.

Вие присуствувавте на една конференција под патронатот на бугарскиот претседател Румен Радев. Видовте ли некаква надеж во истата?

Принципно бев многу скептично настроен. Овде во САД добив и многу сериозни критики. Сите знаат од која партија е издигнат бугарскиот претседател. Токму таа партија го дава почетокот на македонизмот. Но тој ми се виде исклучително заинтересиран за проблемот. Јас го кажав тоа што го сакав, раскажав се што знам за историјата на конфликтот што гори денес и мислам дека тој ме разбра.

Имате ли податоци колку пари дава Северна Македонија за нејзините друштва во САД и Канада?

Немам точни податоци, но парите не се под два милиони долари. Во времето на Тито сумите биле и поголеми. Тогаш е избришан и дел од историјата. Овде е многу лесно да ги прелажеш наследниците на старата емиграција. Луѓето ги бараат своите корени и во еден момент ја наоѓаат „Македонија“. И така стануваат жртва на таа пропаганда.
Бугарите со години не се интересираат од тие луѓе и тоа ја дава шансата за фалсификување на историјата. Знам дека можеби сум малку краен, но како да биде примена Северна Македонија во ЕУ со тие учебници? Со тие зборови на адреса на Бугарија? Ми изгледа апсурдно освен ако нема некаков надворешен притисок. Жалам но според мене многу малку и во Европа знаат за овој проблем. Затоа се чудат за што станува збор.
Бугарија не прави никакви чекори во таа насока. Ситуацијата е јасна- еден географски реон населен со различни народи. Според мене со вклучувањето на Бугарите во Уставот во Скопје нема да се постигне нешто позитивно, напротив уште повеќе ќе се зајакнат активностите за бришење на бугарштината. Треба да се работи активно со организациите на Бугарите по светот за да можат и тие да се борат против лагите.
Знаете ли дека еден од моите соништа е конечно да се открие гробот на Александар Велики и преку ДНК тест да излезе дека е мој петти братучед. Бидејќи тој е Егеец а не Македонец. Бугарија треба да се исправи гордо и да зборува. Да одговара на сите провокации. Да говори во Германија да говори во Франција. Да не сметаме само на некакви контакти. Тоа се однесува најмногу на бугарските политичари.

Што уште е потребно на направи Бугарија?

На прво место треба да помогне во дигитализација на нашите архиви, бидејќи во нив е вистинската историја а не некаква измислена. Не знам, на прво време ми доаѓа мислата да насочи млади луѓе кои сега учат во САД и Канада за да ни помогнат. Денешните генерации живеат во интернет. Претпоставувате што ќе стане кога тие документи станат достапни до сите. Тогаш нема како на црното да му кажеш бело. На второ место треба да се најде погодна зграда за музеј. Сега имаме еден мал музеј, ни не е толку популарен. Треба да се направат видеа за историјата да се објавуваат и да се шират. И на крајот да се работи во насока на лобизмот, бидејќи во моментот тие токму со тоа успеваат. Наоѓаат сенатори, конгресмени кои да им поверуваат. Ние треба да бидеме готови за да им се спротивставиме. Знаете ли дек нашите предци оделе и до Белата куќа за да ги бранат идеите на бугарштината. Ние сме подготвени да одиме по нивниот пат.

Целото интервју на Томас Лебамов за бугарскиот весник 24 часа прочитајте го на следниот линк.

Слични Објави