|

Возачот на Палчо пуштен на слобода, законот не дозволува да остане повеќе во притвор

Возачот на Палчо, Стефан Димковски е пуштен на слобода, бидејќи законот не дозволува да остане повеќе во притвор. Љупчо Палевски Палчо е главниот осомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

„Со оглед на кривичното дело за кое е осомничено лицето и запретената затворска казна, максималното законски возможно траење на притворот за овој осомничен е три месеци. По истекот на тој рок, притворската мерка за осомничениот е заменета со соодветни мерки на претпазливост“, велат од основното јавно обвинителство.

Стефан Димковски го возеше Љупчо Палевски – Палчо, низ Србија, Бугарија и Турција, а беше уапсен на граница кога се врати во Македонија.

Првосомничениот за двојното убиство Љупчо Палевски беше фатен во Турција откако по него беше распишана меѓународна потерница. На 29 декември минатата година му беше одреден привремен затвор во Беликсир, Турција.



Слични Објави