„ВРБА“ НА ПРОЛЕТНА ФЕСТИВАЛСКА ТУРНЕЈА ВО ИНДИЈА, ФЕСТ, ПОРТО, СОФИЈА И САД

Филмот „Врба“ на Милчо Манчевски ќе биде прикажан на претстојниот филмски фестивал во Бенгалуру, Индија, кој се одржува од 26 февруари до 4 март. „Врба“ е во селекцијата со најуспешните филмови на изминатава година, меѓу кои оскаровецот „Паразит“ на Бонг Јон-Хо, „Болка и слава“ на Педро Алмодовар, „Офицер и Шпион“ на Роман Полански.

„Врба“ пролетва ја продолжува фестивалската турнеја со уште четири познати европски и светски фестивали: ФЕСТ во Белград, Синеквест во САД, Фантаспорто во Португалија и Софија, Бугарија.

На престојниот 48. ФЕСТ во Белград (од 28 февруари до 8 март), „Врба“ е во главната натпреварувачка програма, со првата проекција на 2 март, и уште две, на 3 и 4 март.

Од ФЕСТ, „Врба“ патува на 40. издание на Фантаспорто во Порто (од 28 февруари до 8 март), еден од 20-те водечки во светот, каде филмот ќе биде прикажан на 6 март во програмата „Недела на режисери“.

Изминатиов месец „Врба“ имаше премиера и во Нов Зеланд и доби награда за најдобар филм на камерниот фестивал за независни филмови во Велингтон.

Филмот месецов беше прикажан и на два домашни филмски фестивали, „Златна рамка“ и „Фестивал на современи ирански и македонски филмови“.



Слични Објави