Времето денес: облачно со врнежи од дожд и снег

//

Под влијание на влажен бран денеска во повеќе делови од Македонија ќе има врнежи, кои по должината на Повардарјето ќе бидат од дожд, во другите делови од дожд и снег, а на планините од снег, информира УХРМ.

Пообилни врнежи од дожд ќе има во западните и југоисточните подрачја, каде што ќе наврнат над 30 литри на квадратен метар. На планините снежната покривка значително ќе се зголеми. Ќе дува умерен, во источните делови засилен ветер од југоисточен правец.



Температурата ќе се движи од -1 до 9 Целзиусови степени. Во Скопје температурата ќе се движи од 0 до 6 степени.

Претходна статија

Дали НАТО ќе ни ја донесе демократијата како подарок ?!

Следна статија

Мицкоски-Пленковиќ: Македонија и Хрватска се значајни партнери

Најново од Вести