ВРЕМЕТО ШТО ПОМИНА-ВРЕМЕТО ШТО ДОАЃА

//

Изјавата на македонскиот премиер Зоран Заев дека во Р (С) Македонија има намера да отвора Српски културен центар, како и да воведе изучување на српскиот јазик во училиштата, практика која постоела во Македонија од 1918 година, па се до 1990 година, предизвика бројни коментари и недоумици. Многумина ми велат, а и јас така мислам, дека работата не треба да се зема на сериозно, просто напросто, премиерот Заев најчесто не знае што говори, неговите изјави само служат да се прекрие моментумот на неговото незнаење, кое сепак се претвора во трајно, константно неразбирање на елементарните теченија на македонската, балканската и европската политика по однос на Македонија и Балканите. Тоа незнаење најчесто се препокрива со директно, брутално и безобразно лажење, нешто кое беше и карактеристика на сите претходни премиери, но никогаш толку очебијно и простачки. Конечно, има ли некој од неговите доброплатени советници и ПР-и да му каже дека секој нормален човек знае дека премиорот го лаже, ама му е срам и страв тоа јавно да го искаже. И тие околу него, никогаш ли, баш никогаш не почуствувале срам од својата работа?!?

Се засрамив кога еден мој пријател (го има на фотографијата) од Софија ми ја испрати со малку ироничен текст, видете го оригиналот:

Елитни структури. Събрание на МНИ. На преден план Бате Харо и някаква хубава мадама. На среден план Любчо Трохаров. На заден план Борис Вангелов, Владимир Перев, Чавдар Стефанов (гл.уредник на ТВПЛУС), Иво Иванов (уредник во ТВПЛУС) и Попе. Наистина тая снимка обяснява много неща.

Подоцна, на групата од мои пријатели се појавија иронични натписи од типот дека некои тука биле во затвор (се мисли на Бато Харо-Петар Харалампиев, кој беше уапсен како директор на Агенцијата за бугари од странство), некои биле често приведувани и имале големо досие во неколку држави (се мисли на мене), дека сите други имаат досие, ама сето тоа било залудно, работата не е свршена. Која работа и зошто:

Еве го оригиналот:

На 19 февруари 2018 г. Македонският научен институт организира комеморация за Панде Ефтимов във Военият клуб където бяха изнесени и становища за името на Р Македония. Пред журналистите и гостите говориха председателят на МНИ доц. д-р Александър Гребенаров, зам.- председателите на МНИ – проф. д.ист.н. Трендафил Митев и доц. д-р Георги Николов, журналистът Костадин Филипов – член на УС на МНИ, и доц. д-р Наум Кайчев.

Да појаснам тоа беше и конференција за поддршка на Македонија во нејзините напори да го сочува сопственото, македонското име во нерамноправната осумнаесет годишна борба со Грција. Во тоа време, македонскиот научен институт застана стриктно и безрезервно на страната на Македонија во одбрана на нејзиното име. Најважното е дека во тој период официјалните органи на бугарската држава молчеа и го чекаа развитието на настаните. Истовремено, некои либерални и социјалистички кругови во Бугарија не беа задоволни од поддршката што МНИ ја дава на Македонија и неофицијално говореа дека Бугарија треба да внимава на своите позиции, а на присутните во такви собири, одново да им се преразгледаат досијеата и да се преземат мерки. Полицејштината нам тука, на Балканите, никогаш не ни била туѓа, напротив, таа е составен дел од нашето битисување.

Поминаа речи си три години од тој настан, сега се сменија работите, се променија непријателите, а се стекнаа “нови“ пријатели. Сега Заев ветува Српски културен центар и српски јазик за нашите деца, уште убаво не научиле ни македонски. Нашите деца и внуци ќе личат на нас, српските воспитаници од Титовото време, кога прво научивме српски, па потоа македонски, а за ниеден предмет немаше македонски учебници. Немаш нити за историја, па мојата генерација учеше историја од книгата на босанскиот професор Фуад Слипиќевиќ…денес непознат автор и уште помалку познтата историја…ама ние знаеме се за Котроманиќи и за богомилите, историја гледана низ босанско-југословенска призма.

Нека не се радуваат прерано србите, Заев нема да ја заврши работата која ја ветил…тоа е позната работа. Има ли таму некој во кабинетот да му каже некои нешта кои се општопознати, на пример дека:



Доц. Гребенаров припомни официалните статистически данни в Македония в края на XIX в., които показват превъз- ходството на българския етнос в областта. Изявите му в църковно-просветния живот са безспорни. Затова говорят заварените от сръбските и гръцките власти през 1913 г. български църкви, манастири и училища в Македония, както и програмните документи на националноосвободително движение на македонските българи.

Нека некој му каже зошто сите ние таму сме се собрале. Не за да добиваме српски јазик во училиштата, ами да се вратиме на изворните традиции на нашите предци кои се чувствувале како македонски бугари, кои биле описменети и образувани на свој јазик и писмо.

До срце ме заболе коментарот на еден мој пријател, кажан во иронично сериозен тон, со мрачно навестување за идните времиња:

Тогава защитавахме МК срещу гърците. Сега завиждаме на гърците за успеха, който постигнаха, и се опитваме да го повторим – ама да видим какво ще излезе накрая!

Не сакам да видам крај, само сакам секој да го добие своето…најмалку србите имаат право на јазик во оваа наша скапана образовна система…

Единствениот кој треба да се плаши од крајот е Заев и неговиот антураж…нека не нѐ плаши со некаква нов српска образовно-културолошка окупација…ние тоа сме го виделе и преживеале…

Автор: Владимир Перев

Претходна статија

КОВАЧЕВ КОНТРА ЗАЕВ: КОГА ЌЕ ГИ ПОЗДРАВИШ БУГАРИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА ЗА НЕКОЈ НИВЕН ПРАЗНИК?

Следна статија

НОВИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА МБП Д.МИТРЕВ: НА ПОПИСОТ ЌЕ СЕ ИЗЈАСНАМ КАКО ЕТНИЧКИ БУГАРИН, ГИ ПОВИКУВАМ И СИТЕ ЧЛЕНОВИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО ЗА МАКЕДОНСКО БУГАРСКО ПРИЈАТЕЛСТВО ДА ГО НАПРАВАТ ИСТОТО.

Најново од Истакнато