Вселенскиот патријарх Вартоломеј одржа погребна молитва за блажено упокоениот патријарх Неофит
Вселенскиот патријарх Вартоломеј Први денеска отслужи трисагија, покојна молитва, за душите на бугарскиот патријарх Неофит и епископот Ефкарписки Јеротеј, јавува БГНЕС.
Богослужбата се одржа во Истанбулската патријаршиска црква „Свети Ѓорѓи“, во присуство на епископите на Престолот и членовите на Патријаршискиот суд
Посмртните останки на патријархот Неофит денеска ќе бидат положени на поклонение пред митрополитите во малата црква „Света Марина“ во дворот на Светата Софиска митрополија. Во центарот на главниот град бие жалосно ѕвоно во спомен на Неговата Светост. Погребна молитва ќе отслужат сите митрополити – членови на Светиот синод.
Во 14 часот ќе се одржи средба на Св. Синод каде ќе се одлучува кога ќе биде погребот на патријархот. Веќе во раните утрински часови беше спуштено црно знаме од храмот-споменик „Св. Ал. Невски“.
БГНЕС потсетува дека вчеравечер на 78-годишна возраст почина Неговата Светост Бугарскиот патријарх и митрополит Софиски Неофит.
